
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирал 2.726 нови случаи на заболени од грип што е за 5,3 проценти помалку во однос на претходната недела. Најголем број заболени има во Скопје, односно 616 лица.
Директорката на Институтот д-р Марија Андоновска денеска во изјава за медиумите препорача граѓаните да избегнуваат собири, да се проветруваат просториите, да носат заштитни маски каде што е потребно, да не одат на работа и децата да не одат на училиште кога се болни и да ги следат останатите препораки.
Таа посочи дека оваа недела не е регистриран случај со смртен исход.
Во сезоната 2024/25 година досега регистрирани се вкупно 14.340 случаи на заболени од грип.