
Вчера во 16.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ч.(38) од Штип, затоа кај него биле пронајдени и одземени околу половина килограм бела грутчеста материја и марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.