Skip to main content

Во Поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје е отворена амбуланта за деца до 14 години, ќе работи секој ден

Министерство за здравство

Во Поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје е отворен целосно реновиран педијатски пунк за деца до 14 години. Пунктот ќе работи секој ден од 19.30 – 7.30 и во недела 24 часа, а располага со нов медицински мебел и инвентар, како и со сите потребни медицински средства за преглед, анализи и третман на деца до 14 години.

Вкупно 11 педијатри кои работат во Здравствениот дом – Скопје ќе даваат здравствени услуги во пунктот на Бит Пазар. Во тимот, покрај педијатар, ќе има и медицинска сестра и лаборант.

За јакнење на дежурните служби на поликлиниката Бит Пазар ќе се отвори нов специјалистички педијатриски пункт што ќе работи секој ден од 19.30 – 7.30 и во недела 24 часа. Ќе се прегледуваат деца под 14 години. Тимот ќе се состои од специјалист педијатар, медицинска сестра и лаборант. Ќе се вршат општ преглед, лабораториски анализи на крв, урина, ЦРП и се останато што е основно за поставување првична дијагноза иќе се дава соодветна терапија. Пунктот е целосно реновиран, опремен е со нов медицински мебел и инвентар, како и со потребните медицински средства, изјави директопрот на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје Самир Исени кој денеска, заедно со министерот за здравство Арбен Таравари беа во посета на поликлиниката Бит Пазар.

Како што истакна Таравари, ако некој случај е покомплициран, веднаш ќе се испраќа на Клиниката за педијатрија.

Се работи за проблем што беше евидентен. Пред два-три месеца ги повикав директорите на Здравствениот дом и на Клиниката за педијатрија да разговараме. Моравме да изнајдеме решение за големиот дел под децата на Клиниката за педијатрија, тие што се полесни случаи да бидат третирани во Здравствениот дом и веќе денеска тоа го промовираме. Идејата беше за во почетокот на февруари, но не е доцна и сега. Всушност, 11 педијатри кои работат во Здравствениот дом – Скопје ќе даваат здравствени услуги, а пристап ќе имаат сите деца кои се полесни случаи, од 0 до 14 години, на кои им требаат примарно и секундарно здравство. Секој покомплициран случај, веднаш ќе се испраќа на Клиниката за педијатрија, нагласи министерот.

Таравари кажа дека ќе се направат обиди да се отворат вакви пунктови и на другите скопски поликлиники ако има капацитет и минимум 6 – 7 педијатри подготвени да се договорат меѓусебе да дежураат.

Поврзани вести