Skip to main content

EУ потсетува на важноста на добрите односи меѓу Скопје и Атина

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас смета дека соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било.

Тој денеска учествуваше на конференцијата што се одржа во прес-центарот на Бугарската телеграфска агенција (БТА) во Скопје, а на која се разговараше за проектот на БТА, насловен „Европа на Балканот: Заедно преку знаења“, поддржан од Европската комисија. 

Рокас во своето обраќање посочи дека токму овој настан ја покажува посветеноста на двете земји во зајакнувањето на нивните билатерални врски и промовирање на регионалниот развој, економскиот раст и културната размена.

Оваа соработка, како што рече, е демонстрација на трајното партнерство кои постои меѓу двете нации и нивната заедничка визија за стабилна, просперитетна и европска иднина.

Рокас напомена дека процесот на интеграција не е само добивање на членство во Европската Унија, туку се работи за обезбедување на стабилност, мир и заеднички просперитет за сите.

-Европската Унија има развиено рамка за билатерална соработка со пет соседи на Македонија – Албанија, Косово, Грција, Бугарија и Србија. Овие партнерства се засноваат на взаемно почитување, заеднички цели и посветеност на изнаоѓање заеднички јазик во справувањето со предизвиците. Постојат длабоки корени во соработката меѓу Бугарија и Македонија. Таа започна уште пред нејзината официјална институционализација, со помош на прекугранични програми финансирани од Европската Унија. Во последниве години, постојат повеќе проекти кои дадоа значителни резултати. До денес се одобрени вкупно 184 проекти. Од нив, 178 се целосно завршени, додека шест проекти се во фаза на реализација. Дополнително, во наредните недели се очекува да бидат потпишани договори за субвенционирање на осум нови проекти. Постигнавме резултати во секторите образование и културата, заштита на животната средина, туризмот и културното наследство, економски развој и поддршка на бизнисот, рече Рокас.

Поврзани вести