Skip to main content

33 настани во трка за БЕАМ наградите

Фестивалот БЕАМ, единствената платформа во Македонија која ги наградува најдобрите настани и
ги истакнува најуспешните проекти во индустријата за настани, ги објави финалистите за оваа
година.
Годинава на БЕАМ пристигнаа и квалитетни и иновативни проекти и професионално реализирани
настани кои ја одразуваат динамиката и растот на индустријата. Финалистите се распределени во
10 категории, опфаќајќи културни и музички настани, корпоративни проекти, бренд активации,
спортски и хуманитарни настани, како и конференции. што сведочи за разновидноста и
креативноста во оваа сфера.
Жири комисијата е составена од докажани и искусни професионалци од областа на културата,
креативните индустрии, маркетингот, продукцијата и live комуникациите. Оваа година тие се
соочуваат со навистина тежок избор, бидејќи конкуренцијата е силна, а пријавените настани
поставуваат нови стандарди во индустријата. Оценувањето се врши според однапред утврдени и
јавно објавени критериуми.

„Не радува што оваа година имаме одлични апликации кои покажуваат високо ниво на
иновативност и професионализам. Ова е доказ дека БЕАМ е платформата што
недостасуваше во нашата индустрија. Жирито има сериозна задача да ги избере
најдобрите, а ние со нетрпение ја очекуваме гала вечерта кога ќе ги прогласиме
победниците,“ – изјави Маја Бабиќ, директор на БЕАМ.

Гала церемонијата и официјалното прогласување на победниците ќе се одржи на 4 март, на која
ќе присуствуваат финалистите, клиентите, медиуми и истакнати личности од индустријата и
јавниот живот. Оваа вечер ќе биде посветена на креативноста, иновативноста и високите
стандарди во организацијата на настани.

Фестивалот БЕАМ започна во 2023 година како единствена платформа за валоризација на
креативноста и извонредноста во индустријата за настани во Македонија. Со секое ново издание,
БЕАМ поставува нови стандарди и ја истакнува важноста на настаните како клучен дел од
современата комуникација, маркетинг стратегии и културниот развој. Фестивалот е место каде
што креативноста, иновацијата и професионализмот добиваат заслужено признание.

ФИНАЛИСТИ

НАЈДОБАР КУЛТУРЕН НАСТАН
Bookstar Festival – Антолог – Боокс Дооел
Џез под ламба – Општина Центар
Замисли нов свет – Македонски Телеком АД Скопје
Светско првенство во Хип Хоп 2024 – Пипл Медиа Дооел Скопје
Мултимедијален настан „Синтеза„ – Маркетинг агенција Ефектива Скопје

НАЈДОБАР МУЗИЧКИ НАСТАН
100 години Скопско – Публицис Груп

НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ
Gin Lane Festival – Боттега Евенти доо Скопје
Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ – Маркетинг агенција
Ефектива Скопје

НАЈДОБАР КОРПОРАТИВЕН НАСТАН
5 години А1 Македонија – Меккен Дооел Скопје
Замисли нов свет – Македонски Телеком АД Скопје
Сцената е твоја – Годишен настан за стратегија 2024 – Македонски Телеком АД Скопје
Еден Ритам, Еден Тим! – Шпаркасе Банка АД Скопје
Халкбанк: Трајни културни вредности – Маркетинг агенција Ефектива Скопје

НАЈДОБРА КОНФЕРЕНЦИЈА
Прва Меѓународна коучинг конференција – Ад Вербум Доо Скопје
IFATCA European Regional Meeting SKOPJE 2024 – Здружение на контролори на летање
Конференција Наука за деца – Фондација Кантарот Скопје
Халкбанк: Чувари на мудроста – Маркетинг агенција Ефектива Скопје

НАЈДОБАР НАСТАН ЗА БРЕНД АКТИВАЦИЈА
100 години Скопско – Публицис Груп
Од древни монети до финтек апликација – Финансиско Друштво Минт СН Доо Битола
Финале за сите навивачи – Публицис Груп
10 години Iqos – Активација – Публицис Груп

НАЈДОБАР ЕКСПО (САЕМ) НАСТАН
Skopje Whiskey Fest 2024 – Боттега Евенти доо Скопје

НАЈДОБАР ХУМАНИРАТЕН НАСТАН
Повторно заедно – Аутизам ААМК
Хуманитарна аукција на уметнички дела – Шпаркасе Банка АД Скопје
ABILITY AWARDS – Абилитис Нет Дооел
Новогодишна магија – ВОРТЕКС ЕД ДОО Скопје

НАЈДОБАР НАСТАН НА ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА
Меѓународна регулаторна конференција – ИДЕА Плус 360° Комуникации Дооел Скопје

НАЈДОБАР СПОРТСКИ НАСТАН
Трчај Бе – Трчај Бе
Авицена Женска Трка – Сојуз на спортови на Скопје
Финале за сите навивачи – Публицис Груп
Halkeco Скопје Трча 10к – Сојуз на спортови на Скопје
Светско првенство во Хип Хоп 2024 – Пипл Медиа Дооел Скопје
Виз Ер Скопски Маратон – Сојуз на спортови на Скопје

Поврзани вести