Skip to main content

Вечерва во Народниот Театар во Битола претставата „Ноќта кога ја убив месечината“

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, на сцената на Народниот Театар во Битола ќе биде изведена тетарската претстава „Ноќта кога ја убив месечината“.

По МОСТОТ од Лорен ван Велтер
Превод од бугарски: Александар Копања
Адаптација и режија: Марјан Ѓорѓиевски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Благој Мицевски
Кореограф: Валентино Апостоловски
Тон – дизајн: Николче Терзиевски
Светло- дизајн: Горан Петровски

Играат :
АЗ (човек од висока класа): Александар Копања
БУ (човек од средна класа) : Марјан Ѓорѓиевски
Просјакот: Валентин Светозарев

Инспициент: Димитар Михајловски
Видео оператор: Филип Ошавков
Шминка и фризура: Стефанија Илиевски
Фотограф: Љупчо Илиевски
Плакат дизајн, идеја и изработка: Сашо Илковски, Илина Чоревска

Премиера 19.02.2021

Мост.

Точно на полноќ. Месечина и двајца самоубијци. Случајна или намерна средба?

Овие два лика застанати на работ на нивното постоење, ги овораат суштествените прашања за смислата на постоењето. Овој свет патува од психолошка реалност до апсурдна баналност, тој распон е огромен простор, дупка во која пропаѓате и прочепкувате во љубовните, семејните, општествените прашања со акцент на извитоперената слика на човекот денес. Капитализмот е на тест. Слободата и демократијата и колку ја злоупотребуваме, за автоцензурата и за предвреме откажаните од витинското битисување, за осаменоста, за заборавениот контакт, за тоа колку се изгубивме трчајќи по лажните вредности. Кој е вистинскиот човек денес? Каков треба да биде? Колку маски поставуваме да за да функционираме во изместената реалност, со ничкосани норми?

Стравот за смртта и стравот од тоа вистински да се живее – Марјан Георгиевски.

Поврзани вести