Skip to main content

Полна сала и долг аплауз на премиерата на кратокиот филм „За Ева“

Со долг аплауз од гледдалиштетот на преполната сала во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) синоќа беше награден краткиот филм „За Ева“ во режија на Бојан Васиев, а по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков.

Краткиот филм „За Ева“ е тинејџерска драма и во него се зборува за 17-годишна девојка на која и е многу тешко по една непомислена одлука и бара начин како тоа да го реши.

Поради големиот интерес, синоќа во МКЦ имаше две проекции на филмот, од 20 и од 21 часот.

По проекцијата, режисерот Василев се заблагодари на целиот тим кој учествувал во реализацијата на филмот и на поддршката која ја добиле.

Драго ми е што имавме можност да ви го прикажеме филмот и привилигарни сме што имаме поддршка од нашите колеги, филмаџии. Снимајќи го овој филм, сфатив колку е тешка работата на татко ми (Роберт Насков, продуцент, н.з.), но, сепак, ја видов убавината на оваа работа, изјави Андреј Насков, сценарист и продуцент на филмот.

Улогите во филмот ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, како и Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашко Василев, шминка Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа Мисајловска.

Снимањето се одвиваше на локации во Скопје и околината. Продуценти на „За Ева“ се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција“.

Филмот во тек на развојот и продукцијата е поддржан од EDU CUTS мрежата преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Поврзани вести