Skip to main content

Мултимедијална групна изложба „Вечното танго – љубов, што е тоа љубов?“ во галеријата „Ко-Ра“

Мултимедијалната групна изложба „Вечното танго – љубов, што е тоа љубов?“ ќе биде отворена денеска со почеток во 19:30 часот во галеријата „Ко-Ра“.

Како што информираат организаторите на настанот, ќе биде поставена и инсталацијата на Марија Рашковиќ и Александар Рашковиќ, како дел од оваа групна мултимедијална изложба. Во текот на отворањето на изложбата, перформанс ќе има и Исмет Рамиќевиќ.

Ликовните остварувања на уметниците – учесници на оваа мултимедијална групна изложба се во повеќе техники инспирирани од музиката на славните аргентински танга и Астор Пјацола кој ги обединува културите и народите ширум светот, наведуваат организаторите.

Истата изложба ќе биде претставена и во рамки на Поетската вечер со истиот наслов, последователно во петок, така што „ликовните дела ќе бидат презентирани и во тој контекст и публиката ќе има можност да ги види и да ја доживее таа синергија на уметностите и во рамките на отворањето на изложбата, но и во рамките на Поетската вечер“. Модератор на Поетската вечер ќе биде писателката Ленче Милошевска, член на Друштвото на писателите на Република Македонија.