![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/kumanovski-zatvor-kshanje.webp)
Четириесет и петгодишен осуденик од Гевгелија починал во кумановскиот затвор К’шање, информираше денеска СВР Куманово.
Денеска во 00:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во казнено – поправната установа Затвор К’шање починал осуденикот И.П.(45) од Гевгелија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информираше полицијата.
По насока на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.