Skip to main content

Николоски: Преку проектите од аспект на Енергетската Ефикасност се бориме за заштита на животната средина

Денес присуствував на промотивен настан за отпочнување на проект за интегрирани услуги за енергетски ефикасно реновирање на домови, проект кој е поддржан од ЕУ, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерството за транспорт ги подржува проектите од аспект на Енергетската Ефикасност, а со цел заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

Преку вакви проекти се бориме за заштита на животната средина и подобрување на животниот стандард, пишува Николоски во својата објава.

Поврзани вести