Skip to main content

Македонија бележи пад во напредокот во борбата против корупцијата

Во објавениот индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година од страна на меѓународната Транспаренси интернешнел, покажува мал пад на напредокот на Македонија во борбата против корупцијата. Глобалниот просек на Извештајот на индексот изнесува 40, за разлика од претходната 2023 година кој беше 42.

На рангот на овој индекс, Македонија е сега на 88 место, или бележи пад од две позиции за разлика од 2023 година.

Од земјите во соседството, Србија се најде на 105 позиција со 35 бодови, Албанија е нешто пред Македонија на 80 место со 42 поени. Косово на 73 место со 44 поени, Бугарија со на 75 позиција со 43 поени. Грција од земјите од соседството е највисоко рангирана, и е на 59 место со 49 поени на индексот.

Како дел од својот извештај за минатата година, Транспаренси интернешнал категоризираше 180 земји низ светот во однос на перцепцијата за корупција во јавниот сектор – на скала од нула (високо корумпирани) до 100 поени (без корупција). Како што расте обемот на корупцијата, како и нејзината сложеност, се наведува во Индексот, повеќе од две третини од земјите во светот се наоѓаат во долниот дел од табелата – под просечната вредност од 50 поени – „со огромни и потенцијално катастрофални ефекти врз глобалните мерки за заштита на климата“, како што се наведува во извештајот.

Земјите со најниски резултати се претежно лоцирани во кревки региони во светот каде се присутни различни конфликти: на пример, Јужен Судан (8 од 100), Сомалија (9), Венецуела (10), Сирија (12), Либија (13), Еритреја (13), Јемен (13) и Екваторијална Гвинеја (13).

Покрај овие песимистички прогнози, индексот на Транспаренси наведува и позитивни движења. Данска, на пример, со 90 поени, седми пат по ред е на првото место како земја со најниско ниво на перцепирана корупција. Зад Данска е Финска (88), потоа Сингапур (84), Нов Зеланд (83), Луксембург, Норвешка и Швајцарија (сите 81). Германија и натаму е во групата земји кои водат на листата, односно меѓу земјите со најниска стапка на перцепирана корупција – таа е на десеттото место со Канада (75 од 100 поени).

Поврзани вести