Skip to main content

Каракас испрати авиони по венецуелските мигранти во САД

Каракас испрати два авиони во САД за репатријација на венецуелски мигранти, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Венецуела. Овој чекор следува десет дена по посетата на специјален пратеник на актуелниот американски претседател Доналд Трамп на венецуелската престолнина.

Венецуела го информира својот народ и светот дека во овој момент два авиона се на пат кон венецуелска територија за да ги вратат нашите сограѓани мигранти кои се наоѓаа во САД, се наведува во соопштението.

Поврзани вести