![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/mihailo-mudrik.png)
Фудбалерот на Челзи, Михаилo Мудрик може да биде дисквалификуван поради допинг, дури и ако неговиот примерок „Б“ е негативен, пишува новинарот Бен Џејкобс.
Според Џејкобс, примерокот „Б“ се тестира не само за мелдониум, туку и за други супстанции. Доколку се покаже дека е негативно, привремената суспензија може да биде укината. Но, Англиската фудбалска асоцијација може да изрече казна врз основа на првиот тест, иако, суспензијата тогаш може да биде пократка.
Доколку двата теста потврдат присуство на допинг, фудбалерот би можел да биде суспендиран четири години – стандардна казна во такви ситуации. Играчот сега е суспендиран од натпреварите на Челзи додека истрагата е во тек.
Мудрик се најде во центарот на допинг скандал откако неговиот прв допинг тест во декември 2024 година беше позитивен. Во примерокот А беше пронајдена забранета супстанција мелдониум.
Сезонава Мудрик, настапувајќи за Челзи, на 15 натпревари постигна три гола и направи пет асистенции.