
На Гренланд се подготвува референдум за независност.
Лидерот на владејачката партија на Греналанд „Напред“, Ерик Јенсен, најави дека гласањето на народот ќе се одржи во следниот мандатен период, кој ќе следи по парламентарните избори на 11 март.
Се разбира, ова ќе биде во тесна соработка со народот на Гренланд. И ова е многу важно. Нема сомнеж за што ќе гласаме“, изјави Јенсен во интервју за локална радио станица.

Напорот на Гренланд за независност се интензивираше поради напорите на Трамп да го припои островот кон САД. По таквите најави на Трамп веднаш стигна одговор од Данска дека нема да ја отстапи својата територија на САД. Но, во зависност од резутатите на најавениот референдум, Данците ќе треба да одлучат дали ќе може да го пуштат Греланд „слободно да плови“?