Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе формира Канцеларија за вера при Белата куќа.
Трамп додаде и дека државниот обвинител Пем Бонди ќе ја предводи работната група за борба против антихристијанските чувства во федералната влада.
Задачата на оперативната група ќе биде веднаш да ги запира сите антихристијански активности и дискриминација во рамките на федералната влада, вклучително и Министерството за правда, коешто е апсолутно ужасно, како и Службата за внатрешни приходи, ФБИ и други агенции“, рече Трамп за време на националниот молитвен појадок.