Skip to main content

Во близина на „Богородица“ фатен разборјник побегнат од штипскиот затвор

Вчеравечер во 21.30 часот на автопат А1 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода З.В.(43) од Штип.

Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип.

Како што соопшти МВР, лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за доиздржување на две години и 5 месеци од казната.

Поврзани вести