Skip to main content

Со нова он-лајн апликација лесно до увид во статусот на барањата на Катастарот

Агенцијата за катастар на недвижности, во согласност со најавите, продолжува со дигитализација и модернизација на услугите, со цел целосна дигитална трансформација на институцијата. Од денес, официјално е пуштена во употреба апликацијата за увид во статусот на барањата поднесени и заведени во електронскиот систем на Катастарот.

Како што објаснуваат, со новата апликација, се зголемува ефикасноста, а граѓаните и професионалните корисници брзо и едноставно ќе можат по електронски пат да го следат статусот на своите предмети. Откако ќе поднесат барање, неговиот статус ќе биде достапен во реално време – не повеќе од 1 час по поднесувањето.

Ги слушавме вашите повратни информации, ги анализиравме проблемите и се обврзавме да создадеме решение кое не само што ќе ги надмине овие предизвици, туку и ќе нè поттикне напред во дигиталните иновации“, истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски.

Тој додаде дека граѓаните остануваат главен приоритет, а дигитализацијата е високо на агендата на актуелното раководство.

Станува збор за апликација која подолго време била нефункционална и надвор  од употреба. Новата апликација e достапна преку веб-страницата на Агенцијата во делот „Увид во статус на предметот“. За користење, потребно е да се внесе кодот од потврдата за прием на барањето, по што ќе се прикажат основните податоци за типот на барањето и неговиот моментален статус, со ажурирање во рок од најмногу 1 час. 

Ова е ново поглавје во нашата дигитална трансформација. Со оваа апликација не само што сме во чекор со технолошките трендови, туку го забрзуваме темпото кон целосна модернизација на институцијата. Ги охрабрувам сите заинтересирани да ја користат апликацијата и со внесување на кодот од потврдите за барањата да го проверат статусот на предметите, додаде директорот Живковски. 

Линк до апликацијата

Поврзани вести