Skip to main content

Јелена Розга ќе се мажи за 11 години помладиот Иван, син на Тончи Хулиќ

Хрватската пејачка Јелена Розга наскоро ќе прави свадба. 47-годишната ѕвезда ќе се мажи за синот на композиторот Тончи Хуљиќ, 11 години помладиот Иван.

Според хрватските медиуми, двојката подготвува две свадби.

Првата ќе се одржи во наесен во Сплит, додека втората ќе биде на некоја егзотична дестинација, како Малдиви или Бали.

Толку долго го чекаше вистинскиот и тој е тука. Останува само официјално да кажат кога ќе се венчаат и да ги поканат пријателите и семејството да бидат сведоци на нивната љубов во најубавиот момент, а тоа е свадбената церемонија. Се зборуваше дека ќе биде на лето, но има сите шанси да биде наесен, вели добро информиран извор близок до парот.

Според пишувањата на тамошните медиуми, нивната врска започнала пред 10 години, но одлучиле да прекинат, плашејќи се од реакциите на семејството Хулиќ за разликата во годините.

Исто како и Петар Грашо, кој се ожени Хана Хулиќ, и Розга скоро цел живот го знае Иван, бидејќи низ целата кариера соработува со Тончи и неговата сопруга.