Skip to main content

Охридското Езеро станува нова дестинација – Туркиш ерлајнс на својата мапа го постави Охрид

Охрид и охридското крајбрежје станува нова дестинција за турските туристи и сите останите кои сакаат да ги истражат и да уживаат во убавините на Охрид, токму преку директниот лет Истанбул – Охрид, кој за прв пат се водведува со летниот ред на летање.

Туркиш ерлајнс на својата мапа на дестинации веќе го постави Охрид како атрактивна дестинација за патување и започна со продажбата на билети. Согласно летниот ред на летање, авиокомпанијата оваа линија започнува да ја оперира од 27 март со што официјално започнува и воспоставувувањето на директниот лет Истанбул -Охрид.

Туркиш ерлајнс на својата веб страна Охрид го опишува како “македонскиот бисер” најпопуларната туристичка дестинација на Балканот и дел од светското културно наследство.

Авиолинијата Истанбул – Охрид се воведува како резултат на политките на Владата и Мнистерството за транспорт за привлекување на нови дестинации. Со јавниот повик за финансиска поддршка освен Истанбул, од Охрид ќе се лета и кон Базел, а од скопскиот аеродорм се воведуваат летови кон Лион, Барселона, Штутгарт Дубаи, Париз, Женева и Истанбул.

Многу со горд на оваа работа бидејќи направивме целосна промена на политиките на подршка на субвенционирање. Работиме проект кој што многу брзо очекувам да излезе во јавноста за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром како и таму би се подобриле условите за работа. Работиме на најмалку уште две до три авиолинии кои што очекувам да излеземе со околу 12 и да заокружиме во овој период што ќе е дополнителен квалитет и патници во Македонија. Дел од тие линии се атрактивни и за дијаспората. На пример линијата Истанбул Охрид е многу атрактивна за дијаспората и за Австралија и за северноамериканскиот континнет бидејќи веќе се продаваат авионски карти Торонто-Охрид или Њујорк -Охрид или Вашингтон -Охрид или Сиднеј -Охрид. Исто така и линијата за Женева беше нешто што долго време ја бараше македонската дијаспора, така што мислам дека ќе имаме позитвни ефекти”- изјави недоамна вицепремиерот Николоски.

Поврзани вести