Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, беше разочаран по денешниот пораз на неговиот тим на домашен терен од Кристал Палас со 2-0.
Португалецот смета дека неговите играчи можеле малку подобро да ги контролираат офанзивните транзиции на противникот во однос на последните натпревари во првенството.
Уште една лоша вест за „црвените ѓаволи“ беше повредата на Лисандро Мартинез, кој заработи повреда на коленото.
-Резултатот е навистина лош, но перформансите беа малку подобри од претходните натпревари. Малку подобро ги контролиравме транзициите на Кристал Палас, но примивме два гола кои можеа да се спречат. Многу лошо на тимот се одрази и повредата на Лисандро Мартинез. Неговата состојба ќе ја видиме во наредните денови, но ситуацијата изгледа сериозна. Тој не е само одличен играч, туку и силен карактер во соблекувалната.Навивачите? Нормално е да имаат негативни чувства во оваа тешка сезона, но фудбалот е игра каде се може да се промени во одреден момент. Почнувам да се подготвувам за следниот натпревар и мораме да продолжиме напред, ќе дојдат и убавите моменти“, изјави Аморим по мечот.
„Црвените ѓаволи“ се едвај 13-ти во поредокот со 29 бодови