Skip to main content

Утре голема акција, ќе се чисти на 50 локации во Скопје

На повеќе од 50 локации низ Скопје утре (среда, 25 ноември) продолжува редовната акција за чистење на градот, најави Орце Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи.

Во акцијата, која се одржува секоја втора недела во месецот под мотото „Не оставај ѓубре, остави пример“, на терен ќе излезат волонтери, јавните претпријатија, градоначалниците и учениците.

Ѓорѓиевски ги повика скопјани да изберат локација во својата општина и заедно со соседите да се вклучат во чистењето на парковите, улиците и маалата, порачувајќи дека градот треба заеднички да се исчисти утре, а секојдневно да се чува.

Поврзани вести