
Џенсен Хуанг се враќа на чело на Енвидија (Nvidia), американскиот технолошки гигант кој произведува чипови за вештачка интелигенција. Компанијата објави дека е повторно назначен за претседател, главен извршен директор и член на одборот на директори.
По оваа вест, акциите на Еенвидија пораснаа за повеќе од 30%.
Враќањето на Хуанг доаѓа само 11 дена откако тој поднесе оставка поради скандал поврзан со наводни вонбрачни афери, вклучително и една со жена за која се сомнева дека соработува со кинеската разузнавачка служба.
Менаџментот на Енвидија објави дека разговарал со високи претставници на американската администрација пред да донесе одлука за враќањето на Хуанг. Врз основа на добиените информации, компанијата заклучи дека неговото назначување не претставува закана за националната безбедност.
-Врз основа на информациите добиени од високи претставници на американската влада, одборот на директори е уверен дека враќањето на Хуанг не претставува ризик за националната безбедност. Одборот на директори верува дека Џенсен е вистинската личност да ја води Енвидија и дека неговото враќање е во најдобар интерес на нашите акционери, вработени, партнери и клиенти – рече претседателот на одборот на директори.
Одборот наведе дека одлуката е донесена по серија состаноци со Хуанг со заклучок дека неговото враќање не претставува ризик за националната безбедност.
Независната истрага за обидите за странско разузнавачко влијание останува отворена и Хуанг вети целосна соработка, а компанијата формираше и посебен Комитет за национална безбедност и контрола на извозот.
Враќањето на Џенсен Хуанг е проследено со строг корпоративен надзор, нови безбедносни тела и обврска за целосна соработка со тековните државни и внатрешни истраги.
По серија директни состаноци со Хуанг, управниот одбор оценил дека тој покажал доволна отвореност и подготвеност за да продолжи да ја води компанијата.
Хуанг дал цврста заложба дека целосно ќе соработува и со независната внатрешна истрага и со истрагите на американските владини институции.
На 1 декември 2026 година тој треба да сведочи зад затворени врати пред три комитети на Претставничкиот дом на САД. Формиран е постојан комитет за национална безбедност и контрола на извозот составен исклучиво од независни директори (под претседателство на Сузан Нора Џонсон, со членовите Стивен Нил и Џон Дабири).

Македонски




