– Екипата на Реал Мадрид вечерва пред своите навивачи ќе „брка“ петта победа сезонава во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ е домаќин на ПСВ и ја има фаворитската улога. Ова е еден од деветте дуели со кои стартува 5.коло во Лигата на шампионите, а Реал Мадрид и европскиот првак ПСЖ се единствените екипи со максимален ефект. Без пораз сè уште и Арсенал (еден нерешен резултат) и Баерн (два нерешени резултати) по четири одиграни натпревари.
Петтото коло ќе ги „отворат“: Бодо/Глимт – ЛАСК и Галатасарај – Астон Вила. Двата дуела почнуваат во 18:45 часот.
Во терминот од 21 часот играат: Реал Мадрид – ПСВ, Арсенал – Борусија Дортмунд, Комо – АЕК, Феенорд – Порто, Манчестер Сити – Наполи, Лајпциг – Ленс и Слован Братислава – Бетис

Македонски




