Skip to main content

Над 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во ЗНАМ

ЗНАМ Ѓорче Петров (Фејсбук)

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија.

Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните. Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата, велат од ЗНАМ.

Новите сопартијци ги пречекаа Генералниот секретар на Движење ЗНАМ, Горан Минчев и претседателот на ОО Движење ЗНАМ – Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ.


ЗНАМ продолжува да ги отвора вратите за сите чесни, искрени и принципиелни луѓе кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика.