Skip to main content

Тинејџерка од Скопје ги пријави родителите в полиција за малтретирање

Freepik

Вчера во 09:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.Н.(53) и В.Н.(54), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од нивната 16-годишна малолетна ќерка.

Според нејзината пријава, во домот нејзиниот татко А.Н. физички ја нападнал, а нејзината мајка подолг временски период психички ја вознемирувала.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Поврзани вести