
Со интонирањето на македонската и француската химна започна комеморацијата во Коломбел по повод 108-годишнината од примирјето со кое заврши Првата светска војна.
На покана на градоначалникот на Коломбел господинот Марк Потиеа на церемонијата присуствуваа претставници на македонско-француските здруженија „Илинден 1903“ и „Заборавени Македонци“, членови на македонската заедница во Франција, како и амбасадорот на Македонија во Франција, проф. д-р Игор Николов, придружуван од делегација на Амбасадата.

Во Градината на сеќавањето и мирот присутните им оддадоа почит на загинатите војници и на цивилните жртви од Првата светска војна. Спомен-обележјето, со натписи
на француски, германски и македонски јазик, претставува симбол на сеќавањето, помирувањето, мирот и пријателството меѓу народите.

Повеќе од еден век по завршувањето на Големата војна, пораката од Коломбел останува актуелна: сеќавањето на жртвите не претставува само оддавање почит кон минатото, туку и обврска кон идните генерации да ги негуваат мирот, солидарноста и пријателството меѓу народите.


Македонски



