
Додека трае рокот на администраторите во Алта банка продолжуваат препукувањата меѓу партиите за тоа кој е виновен за состојбата во која се најде оваа банка.
„Црното сценарио во Македонија започна со давањето лиценца на Алта банка”, порача потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „24 Анализа”, посочувајќи на експресното издавање дозвола на банката и одговорноста на власта и Народната банка за целиот процес.

„Во една изјава гувернерот вели дека не знае кој е сопственик. Првото нешто што треба да се провери е кој е сопственикот. Треба да се провери финансиската состојба на фирмата или групата што сака да купи банка во Македонија. Репутацијата е основното нешто што исто така треба да се провери. Во изјавата гувернерот се задржува само на финансиската состојба, без тоа кој е сопственикот, без репутацијата и без потеклото на парите”, истакна Тренчевска.
ВМРО-ДПМНЕ пак денеска потсетија на периодот на власт на СДСам, Зоран Заев и Венко Филипче кога според владејачката партија преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.
Во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати.Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка.

Македонски



