Skip to main content

Падна 19-годишен дилер во Ѓорче

Дрога била пронајдена при претрес во Скопје, лишено од слобода било едно лице, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Синоќа во 18:40 часот на пешачка патека покрај реката Вардар на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при Секторот за внатрешни работи – Скопје го лишија од слобода Ф.С., 19-годишен скопјанец, затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба и во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, извршен е претрес во домот и други простории на Ф.С., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари – се додава во соопштението.

По целосно документирање на случајот, како што се додава, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Поврзани вести