Skip to main content

До кога дожд? УХМР со прогноза за неделава

Од утре следува период на стабилно и суво време со променлива облачност во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали.

За време на викендот се очекуваат постудени утра, при што минималните температури на одделни места ќе се спуштат под нула степени Целзиусови.

Поврзани вести