
Популарниот „Блек фрајдеј“ за попусти во македонските судови дојде порано. Наместо на 27 ноември дојде на трети. Да, вчера Апелација го ослободи Бојан Јовановски за случајот „Меѓународен сојуз“. Со тоа е преиначена првостепената пресуда на Кривичниот суд кој го осуди Боки 13 на пет години затвор.

За да биде вчерашниот ден, ден за ослободување од затвор се погрижи и поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами, обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување. Се терети за криминал од само „осум“ милиони евра.

Перпарим ќе бил под дополнителни мерки за претпазливост, со одземена патната исправа и нема да смее да добие нова исправа за преминување на државната граница, Ќе има и обврска редовно да се јавува во Судот. Голема работа.
Најинтересно е што против одлуката на Судот обвинителот во овој случај Даниел Коцев не поднел жалба.Со други зборови се согласил Перпарим да биде на слобода со гаранција од еден милион евра.

Во слободата веќе ужива и Артан Груби откако понуди гаранција од 330.000 евра. Што е повреден Бајрами од Груби за три пати поголема гаранција?
Долг е списокот што во изминтиот период се ослободени од судско-обвинителската „коалиција. Минатиот месец му го вратија пасошот и на бизнисменот Борче Марковски првообвинет во предметот за јавна набавка вредна околу 1,7 милиони евра за дислокација на шест погонски станици од рудникот „Осломеј“ во РЕК „Битола“. И тоа баш на денот кога му беше вратен пасошот судијата што му ја врати патната исправа замина во пензија.Со гаранција од пет милиони евра Случајност.

Поранешниот директор на Онкологија Нино Васев пак излезе на слобода со гаранција од 180.000 евра, а поранешните претседатели на ФФМ Илчо Георгиевски и Сејдини со половина еден милион евра. Ситница.

Судии и обвинители, кога веќе пуштате наголемо, што не го ослободите и Палчо? И тој ќе понуди гаранција ако треба. Кога е бал нека е маскембал.

Македонски




