Skip to main content

Промоција на романот „Настанот“ од нобеловката Ани Ерно

Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Илика“ ја организираат промоција на македонскиот превод на романот „Настанот“ од Ани Ерно, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2022 година.

Средбата ќе се одржи во четврток, 5 ноември 2026 година, во 19:00 часот, во Францускиот институт во Скопје.

Средбата ќе се одвива на македонски јазик.

На средбата ќе говорат: Катерина Шекутковска, уредничка во издавачката куќа „Илика“, и Елисавета Поповска, преведувачка на романот „Настанот“ и професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а модератор еВедран Диздаревиќ, професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје.

Покрај промоцијата на преводот, средбата ќе отвори простор за разговор за книжевните и општествените аспекти на делото, со можност публиката активно да се вклучи во дискусијата и да размени мислења со учесниците.
Романот ќе биде достапен по промотивна цена како и останатите наслови на тема автофикција.

Обезбедете си место на https://forms.gle/rnCEbTNVWPzdpzLX7

Поврзани вести