Skip to main content

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни – над 25 литри на квадратен метар. Кон крајот на денот, се очекува врнежите да престанат. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието, повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 Целзиусови степени.

Од утре и во деновите потоа, според синоптичарите, времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура, што наместа ќе се спушти под нула степени.

Поврзани вести