
Свечена средба со Македонците во Бугарија во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, по повод назначувањето на новиот амбасадор, Неговата Екселенција г. Крум Ефремов.
Потврдувајќи ја својата улога како значајно средиште на македонскиот културен и институционален живот во Софија, Македонскиот културно-информативен центар организираше свечен прием и средба со Македонците во Бугарија, по повод стапувањето на должност на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија, Неговата Екселенција, г. Крум Ефремов.
Средбата претставуваше израз на институционална отвореност, можност за непосредна комуникација и потврда на значењето на континуираната поврзаност меѓу дипломатското претставништво, културните институции и Македонците во Бугарија.
Домаќин на средбата беше директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, кој ја истакна важноста на ваквите непосредни средби како значаен инструмент за зајакнување на институционалните релации, негување на меѓусебната доверба и отворање нови перспективи за соработка.
За проф. д-р Зоран Пејковски, раководењето со Македонскиот културно-информативен центар претставува не само институционална функција, туку и одговорна културна мисија – македонската култура да биде достоинствено претставена, видлива и препознаена, а Центарот да се профилира како институција со јасен идентитет, културен авторитет и препознатливо присуство во културниот живот на Софија.
Неговата Екселенција, амбасадорот Крум Ефремов, во своето обраќање упати срдечни поздрави до присутните, испраќајќи порака од особено значење и нагласувајќи дека вратите на Амбасадата се отворени за сите Македонци во Бугарија.
Оваа порака ја афирмира отвореноста како принцип на дипломатското дејствување, комуникацијата како основа на довербата и поддршката како израз на одговорен однос кон граѓаните и заедницата.
Улогата на амбасадорот подразбира и создавање услови за поврзување, градење партнерства, унапредување на институционалната комуникација и воспоставување непосредни релации со луѓето и заедниците со кои дипломатската мисија е поврзана.
Во таа смисла, амбасадорот Крум Ефремов има значајна улога во понатамошното унапредување на институционалната комуникација, поддршката на културните иницијативи и создавањето позитивна атмосфера за соработка. Неговата отвореност и подготвеност за поддршка претставуваат важна основа за градење партнерски односи со македонските институции и Македонците во Бугарија.
Особено значаен момент на средбата беше позитивното оценување на досегашната работа на Македонскиот културно-информативен центар во Софија од страна на амбасадорот Ефремов, како и неговата јасно изразена поддршка за програмските активности и културната мисија на Центарот.
Амбасадорот ги истакна резултатите, континуитетот и силниот одек на културните настани што ги реализира Македонскиот КИЦ во Софија, препознавајќи го нивното значење во афирмацијата на македонската култура и нејзиното претставување пред пошироката јавност.
За Македонскиот КИЦ во Софија, ваквата поддршка има особена тежина. Таа претставува признание за вложениот труд, доследноста во работењето и концептот на културно претставување што Центарот го гради со јасна визија и високи професионални стандарди.
Со јасно поставена културна визија и доследна програмска определба, Македонскиот КИЦ во Софија се профилира како активен и препознатлив културен субјект, кој преку внимателно конципирани програмски содржини, значајни уметнички имиња, книжевни промоции, изложби, концерти и културни дијалози создава видливост и релевантно присуство на македонското творештво.
Определбата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија е македонската култура не само да биде претставена, туку и доживеана, препознаена и вреднувана преку своите највисоки уметнички и духовни дострели.
Македонскиот културно – информативен центар во Софија не е само простор во кој се одржуваат настани, тој е институција што создава вредности, гради културен авторитет, воспоставува дијалог и ја претставува државата преку највозвишените достигнувања на нејзиниот народ.
Под раководство на проф. д-р Зоран Пејковски, Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја развива својата програмска стратегија со висок културен интегритет и јасно препознатливо присуство. Неговата определба е Центарот да продолжи да ја чува и афирмира македонската културна посебност, но и да создава простор за современ културен дијалог, меѓусебно запознавање и поврзување преку универзалниот јазик на уметноста.
Убеденоста дека институционалната соработка е клучна за постигнување долгорочни резултати беше една од значајните пораки на средбата. Активната поддршка и соработката меѓу Амбасадата, амбасадорот Крум Ефремов, Македонскиот КИЦ и сите релевантни институционални и културни чинители отвораат можности за уште поинтензивни културни иницијативи и проекти со трајно значење.
Оваа средба претставува значаен поттик за понатамошно продлабочување на институционалната соработка, зацврстување на меѓусебната доверба и отворање нови перспективи за заедничко културно дејствување. Со поддршка, посветеност и јасна заедничка визија, ќе продолжат да се создаваат содржини и вредности кои достоинствено ја афирмираат македонската култура, го зајакнуваат нејзиното меѓународно присуство и придонесуваат кон воспоставување трајни културни и човечки врски.
На крајот од средбата беше упатена благодарност до Неговата Екселенција, амбасадорот Крум Ефремов, за присуството, срдечноста, отвореноста и недвосмислено искажаната поддршка за работата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, како и до сите присутни кои со своето присуство придонесоа за достоинствената и конструктивна атмосфера на овој настан.
Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе продолжи да ја исполнува својата културна мисија со достоинство, професионализам и јасна свест за историската, духовната и современата вредност на македонското културно наследство.
Зашто културата е највозвишениот облик на претставување на еден народ. А институциите што создаваат културни вредности оставаат трага што го надминува времето и границите.

Македонски


