Skip to main content

Во Турција стапи во сила забраната за пристап на деца до социјалните мрежи

Од денеска во Турција стапи во сила забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст.

Согласно одлуката, од денеска почнува преодниот период до 31 март 2027 година, во кој ќе продолжи проверката на возраста на корисниците на постојните сметки на социјалните мрежи и ќе се одвива процесот на постепено затворање на профилите на деца под 15 години.

Со проверката на возраста мора да се даде приоритет на заштитата на личните податоци, со користење методи што само утврдуваат дали корисникот го исполнува прагот на возраст, а не го утврдуваат неговиот идентитетот.

За да пристапат до социјалната мрежа, корисниците ќе мора да поминат низ проверка на идентитетот преку платформата за електронски владини услуги.

Откако ќе добијат дигитален токен што содржи информации за нивната возраст, доколку лицата се под 15 години пристапот ќе им биде одбиен, а доколку се на возраст меѓу 15 и 18 години ќе можат да пристапат до социјалната мрежа, но со ограничувања.

Размената на пораки ќе биде можна само преку сметките на пријателите, преносот во живо ќе биде забранет, а корисниците нема да гледаат реклами за возрасни.

Поврзани вести