Skip to main content

11 дена културна програма по повод Денот на ослободувањето на Битола

Програмата започна со отворањето на Интернационалниот фестивал на аматерски филм „Камера 300“ и концерт на Бојана Скендеровски во Центар за култура – Битола.

На 2 ноември ќе биде прикажан документарен филм за Ајри Демировски а на 3 ноември ќе биде отворена спомен соба на Александар Стерјовски во КИЦ Битола.

Покрај културната програма, дел од програмата е кугларски турнир, офф роад тура и традиционалната атлетска трка.

Традиционалната свечена академија е на 4 ноември од 19 часот во Центар за култура – Битола а продолжува во 20 часот со музичко-сценскиот перформанс „Полноќни приказни во Офицерската палата“.

На 5 ноември во Магазата ќе биде отворена Ноемвриската изложба на ДЛУБ – Битола. А самостојни изложби ќе имаат на 6 ноември – Дијана Колонџовска а на 7 ноември во алтернативен галериски простор, Марија Нешкоска. На 7 ноември во КИЦ – Битола ќе биде одржан и концерт на македонски и хрватски автори во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“.

Програмата завршува на 10 ноември со претставата „Татко“ во режија на Благој Мицевски во НУ Народен театар – Битола.

Поврзани вести