
Веќе десет години уживаме во доброто вино, создаваме пријателства и споделуваме убави моменти. И оваа есен повторно се среќаваме за да наздравиме за сите приказни што нѐ поврзуваат“, најавуваат организаторите на Скопскиот вински салон Винодонија.
На 13 и 14 ноември, во хотелот Мериот ќе се одржи јубилејното десетто издание на Скопскиот вински салон – Винодонија 2026!
Пред нас се два дена посветени на виното и луѓето што ја создаваат неговата приказна. Ќе имаме можност да дегустираме вина од македонски и странски винарии, да се сретнеме со винарите, да уживаме во познатите вкусови и да запознаеме нови вина на кои што ќе се сеќаваме“, велат од Винодонија.
Преку едукативни мастерклас дегустации, тематски предавања и вински работилници, посетителите повторнo ќе имаат можност да го продлабочат своето знаење за виното, да откријат нови вински хоризонти и да учат од врвни познавачи и вински експерти, а внимателно избраната музичка програма ќе му даде посебен ритам на целокупното винско доживување.
Влезници за ова винсо сучување може да се набават на: https://vinodonia.mk/
Сите што сте дел од нашата приказна и до сите вински љубители со кои допрва ќе се запознаеме, дојдете да го прославиме јубилејот заедно!“, порачуваат од Винодонија.

Македонски


