
На втората фестивалска вечер на „Макфест“ се изведуваат вкупно 18 композиции, од кои шест синоќа ги избра публиката и жири комисијата. Уметничкиот директор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, Роберт Саздов изјави дека синоќа имаше уште една успешна фестивалска вечер.
Шест композиции влегуваат од првата вечер во втората и плус имаме 12, кои што претходно беа предвидени вкупно ќе имаме 18 – вели Саздов. Синоќа беа избрани групата „Арте факт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастасија Спасевска и Драгана Јовановска да настапат вечерва.

Инаку, се бидат изведуваат 12 нови композиции, а публиката на сцената ќе ги видат Агни Авшар, Наташа Малинкова, Викторија Лоба, Јован Јованов и Тони Зен, Теа Трајковска, Марија Спасовска, Ристо Самарџиев, Елвир Мекиќ, Врчак и Симона Поповска, Огнен Здравковски, Марија Данева и Давид Темелков.
Диригентот на камерниот оркестар на „Макфест“, Илија Ќосевски рече дека вечерва имаат разновидни песни и како што вели „шарени за секој вкус“.
Пред сè би ги замолил сите поддржувачи на македонската музика, да им се даде најголема поддршка на овие првично шест дебитанти или како да и ги кажеме недоволно афирмирани пејачи, да им дадеме максимално голема поддршка како уметници и како слушатели. Останатите ни се доста добро познати – вели Ќосевски.

Шармантната водителска двојка Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски и годинава се водители на 41.издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Втората фестивалска вечер на „Макфест“ на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип почнува во 20.30 часот, а директен пренос ќе има и на МТВ.

Македонски


