Skip to main content

Возач на „бмв“ побегнал од место на несреќа

Вчера во Кочани е лишен од слобода 37-годишен возач кој возел нерегистрирано возило без дозвола и кој откако учествувал во сообраќајка го напуштил местото на несреќата.

Како што соопшти МВР, во 16:05 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.А.(37) од Кочани.

Претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки и го напуштил местото, а по преземени мерки бил пронајден при што било констатирано дека го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило и со измината важност на сообраќајната дозвола. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести