Skip to main content

Искра Хаџи Василева избрана за шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Обвинителката Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, велат извори од Обвинителството

Според информациите, Хаџи Василева ја добила поддршката на мнозинството обвинители во државата, во конкуренција со Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ и Јован Цветановски. Победата, како што дознаваме, ја однела со мала предност од неколку гласови пред обвинителот Трајче Пеливанов.

Официјалните резултати од денешното гласање се очекува да бидат објавени наскоро.

Хаџи Василева има 11-годишно искуство како јавен обвинител и е дел од петтата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. До неодамна работела во скопското обвинителство, а во 2024 година преминала во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Во текот на својата кариера работела на повеќе значајни предмети. Во јавноста е препознатлива и по случајот со 350.000 евра пронајдени заѕидани во домот на судијата Ѓоко Ристов, како и по предметот „Жан Митрев“.

Поврзани вести