Skip to main content

„АБЦ њуз“: Како ЦИА и украинското разузнавање тајно воспоставија блиска соработка

Како ЦИА и украинското разузнавање тајно воспоставија блиска соработка.

Материјал со овој наслов го објави американскиот телевизиски канал „АБЦ њуз“, а во материјалот конкретно се наведува дека шефот на украинската воена разузнавачка служба, Валери Кондратјук, донел „торба со строго доверливи руски воени документи“ во САД во 2015 година. Ова било „подарок“ од Кондратјук за да ги натера Американците да му веруваат.

Во рамки на соработката на двете служби, ЦИА инвестирала милиони долари во обука и опремување на украинските разузнавачи и во изградба на објекти, вклучително и десетина тајни пунктови на руската граница.

САД, исто така, обучувале украински специјални сили, кои им „заштедиле на американските даночни обврзници стотици милиони, можеби дури и милијарда долари“.

Во материјлот се зборува за операцијата „Златна рипка“, за време на која ЦИА обучувала украински агенти да „имитираат Руси“ во Русија, како и во земјите од третиот свет. Украинците спроведувале и заеднички операции со ЦИА.

По почетокот на војната, Бајден укина голем број ограничувања за работата на ЦИА во Украина. Притоа, на офицерите на ЦИА им било дозволено да останат во Украина за време на рускиот напад. Според телевизијата, сè уште не им е дозволено директно да убиваат Руси, но сега се овластени да и помагаат на Украина со информации за секаков вид цели.

Поврзани вести