Skip to main content

Масовни протести во Нови Сад поради тепање студенти, носат транспаренти – „Уапсете го Вучиќ!“

Голем број студенти, средношколци и граѓани на Нови Сад попладнево се на новосадските булевари за да протестираат пред просториите на владејачката Српска напредна странка (СНС) откако синоќа беа нападнати неколку студенти, јави Бета.
Голем број студенти се упатија на протести што почнаа од универзитетскиот кампус со многу бучава, со свирежи, вувузели, труби и тапани.

Ним им се придружија земјоделците на трактори, како и голем број мотоциклисти, кои прават голема врева со своите мотори.

На протестот организирано доаѓаат и средношколци од Нови Сад, придружувани од голем број родители.

Редарите, претежно професори од Универзитетот во Нови Сад, формираа кордон пред просториите на СНС, за да спречат инциденти.

Демонстрантите носат транспаренти „Дијалог“ со илустрација на крвава бејзбол палка како алузија на тепањето студенти и претходниот повик на режимот за дијалог „Доста е крв“, „Сите за еден, еден за сите“, „Бојата ќе се измие, крвта не“ и скандираат „Уапсете го Вучиќ“.

Поврзани вести