Skip to main content

УЈП повикува: Граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Управата за јавни приходи информираше дека започна со проверки на податоците што ги има добиено од банките за приливите од странство на граѓаните остварени во текот на 2021 година, како и дека се доставени персонализирани известувања до граѓаните за кои располага со податоци дека оствариле доход од странство во текот на 2021 година, со повик во одреден рок да ги исполнат законските даночни обврски.
Доколку обврските не се исполнат доброволно, Управата за јавни приходи ќе ги преземе мерките во
рамките на своите законски надлежности за утврдување на данокот, велат од УЈП и посочуваат дека не секој доход остварен од странство подлежи на оданочување во Македонија и соодветно не секој граѓанин кој добил порака за остварен доход од странство треба да поднесе е-пдд пресметка.
Обврската за пријавување на доходот се однесува на физичките лица кои оствариле доход од странство
што подлежи на оданочување согласно ЗДЛД, вклучително и доход по основ на доход од работа, плата, хонорари, интелектуални услуги, фриленс, доход од закуп, вклучително и доход остварен преку платформи како Airbnb и Booking.com, капитални добивки како продажба на имот, криптовалути, хартии од вредност и друго, доход од капитал, дивиденди, камати и други финансиски приходи, авторски права, добивки од игри на среќа и други видови доход што подлежат на оданочување согласно законските одредби.
Приливи од странство кои не подлежат на оданочување се добиени по основ на подарок, семејна поддршка, позајмица или трансфери преку Вестерн Унион, Риа, Мани Грам и слични сервиси не претставуваат автоматски оданочив доход само поради тоа што се примени од странство.
Управата за јавни приходи апелира до сите физички лица кои примиле прилив од странство да ја проверат
својата даночна обврска и, доколку е потребно, навремено да поднесат електронска пресметка на
аконтацијата на данокот (е-ППД) и да ја извршат уплатата на утврдениот данок, со цел почитување на
законските прописи и избегнување на евентуални прекршочни или даночни постапки, велат од УЈП.

Поврзани вести