Skip to main content

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре нема да работат

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека утре, петок, по повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

Со редовно работно време ќе продолжат од сабота.

Ве повикуваме да ги користите електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат побрз и поедноставен пристап до нашите услуги“, советуваат од јавното претпријатие.

Повеќе информации можете да најдете на www.vodovod-skopje.com.mk а до електронските сервиси можете да пристапите преку e.vodovod-skopje.com.mk

Поврзани вести