
Газираната вода не е корисна само за освежување, туку може да биде практичен сојузник во чистењето на домаќинството. Благодарение на меурчињата од јаглерод диоксид, може да помогне во отстранувањето на одредени нечистотии и свежи дамки.
Дамки на тепихот
Ако случајно сте истуриле кафе или сок на тепихот, обидете се да ја отстраните дамката со газирана вода. Истурете мала количина на чиста крпа и нежно тапкајте го извалканото место. Потоа со сува крпа упијте го вишокот течност. Овој трик најдобро делува на свежи дамки.
Нечисти огледала и стаклени површини
Газираната вода може да послужи за отстранување на благи нечистотии и отпечатоци од прсти од огледалата. Доволно е со неа да навлажните крпа од микрофибер, да ја пребришете површината и потоа да ја исушите. На тој начин можете да го освежите изгледот на стаклото без употреба на јаки хемиски средства.
Загорени тенџериња
Остатоците од храна залепени за дното на тенџерето често претставуваат вистинска ноќна мора. Додека садот е уште топол, истурете малку газирана вода и оставете да отстои неколку минути. Течноста може да помогне наслагите да омекнат, па нивното отстранување ќе биде поедноставно.
Важно: Користете исклучиво обична газирана вода без шеќер и ароми. Имајте на ум дека таа не е дезинфекциско средство ниту замена за детергент кај тврдокорните нечистотии.

Македонски

