
– Новиот шампион во НБА лигата Њујорк Никс со пораз од Филаделфија 100:106 на домашен терен ја почна одбраната на титулата. Дополнително внимание на натпреварот даде и настапот на 41-годишниот Леброн Џејмс во дресот на Филаделфија, кој ја игра неговата 24.та НБА сезона прва во дресот на Филаделфија.
– Честитки за Филаделфија, прво да им оддадеме пофалби на нив. Ние треба некои работи да ги поправиме, нашата транзиција не беше добра не вршевме доволно притисок врз Филаделфија на вистински начин. Се надевам дека ќе бидеме послободни следниот пат, изјави по дуелот на Њујорк Никс, Мајк Браун осврнувајќи се дека на почетокот на дуелот кога беше и свечената церемонија за новиот шампион одржана во Медисон Сквер Гарден.
Присуството на Леброн привлече и дополнително внимание па билет се продаваше и над 2.000 долари. Инаку, Филаделфија е четврти клуб за Леброн Џејмс во кариерата по Кливленд, Мајами и Лос Анџелес Лејкерс и со секој клуб има освоено шампионски прстен.

Македонски

