
Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки по натпреварите од 10. коло во Прва и 8. коло во Втора МФЛ, меѓу кои дисциплински постапки против два клуба и клупски функционер, како и казни за четворица фудбалери.
Поведена е дисциплинска постапка против ФК Шкендија Арачиново 77 поради слаба организација на натпреварот од 10. коло на Прва МФЛ против ФК Струга Трим Лум, односно поради присуство на неслужбени лица во службените простории. Дисциплинска постапка е поведена и против Сулејман Алими, извршен директор на ФК Шкендија Арачиново 77, поради вербален напад и упатени закани кон судиската четворка по истиот натпревар.
Дисциплинска постапка е поведена против ФК Камјани поради слаба организација на натпреварот од 8. коло на Втора МФЛ против ФК Кожуф

Македонски

