Skip to main content

Пациентите со ретки болести бараат подобар пристап до терапија

Pixabay

Здруженијата на граѓани со ретки болести апелираат дека до крајот на годинава треба да биде извршена набавка на терапијата. Бараат министерот Клековски да ги прими на средба за да се договорат како ќе се спроведе набавката во следните две години, бидејќи во терапијата се вклучени и нови лекови. Велат дека е тешко пациентите со ретки болести да доаѓаат по неколку пати на прегледи во Скопје, бараат да се формира мултидисциплинарен тим за кога ќе дојдат на некоја од клиниките, да ги завршат сите прегледи во еден ден.

Да се најде начин за лицата со мускулна дистрофија, од деца кон возрасни, во моментов никој не ги прифаќа. Кога ќе наполнат 18 години, лутаме, никој не ги прифаќа, не знаеме каде да поднесеме барање за преглед, изјави родител на дете со ретка болест.

Поврзани вести