
Англискиот 33-годишен напаѓач на Баерн Минхен и еден од најдобрите голгетери во светот Хари Кејн постигна начелен договор со баварскиот клуб за продолжување на соработката.
Кејн и актуелниот германски шампион треба да потпишат нов договор со важност до јуни 2029 година.
Пред три години, Кејн го напушти лондонски Тотенхем и пристигна во Баерн, во чиј дрес досега постигна 154 голови на 156 натпревари. Со Баерн двапати ја прослави титулата во Бундеслигата, како и два трофеи германскиот Суперкуп и еден во Купот на Германија.
Кејн изминатите сезони беше најдобар стрелец во Бундеслигата, а во моментов е на осмото место со три голови оваа сезона

Македонски


