
Повремени локални врнежи од дожд ќе има во текот на утрешниот ден. На некои од повисоките планини, врнежите ќе преминат во слаб снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен, ветер од северен правец, информираа денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Се очекува температурата да се движи од 0 до 19 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, во деновите потоа ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.

Македонски


