
Во пресрет на 5. Конференција „Наука за деца“ отворен е повикот за наградата „Иван Ќостаров“, која е во вредност од 30.000 денари и којашто се доделува во соработка со проф. д-р Венка Симовска.
И оваа година, преку наградата сакаме да поттикнеме едно љубопитно и посветено дете да продолжи да чекори по патот на науката, велат од платформата „Наука за деца“ која е и организатор на научната конфренција која ќе биде посветена на македонската наука и ќе се одржи во НОВА на 6 и 7 ноември.
За да аплицирате за наградата треба да сте ученик/ученичка во IX одделение во основно училиште во земјава; да кажете што ве привлекува кон науката – која научна дисциплина или вид на истражување особено ве интересира, зошто ве интересира и на кој начин сметате дека науката може да придонесе за вашиот личен развој или за развојот на општеството; да ни кажете на кои ваши досегашни постигнувања сте најмногу горди; да ни кажете за што би ги искористиле средствата од наградата и зошто тоа ви е важно, додаваат од „Наука за деца“.

Македонски


